-Младите двојки се плашат да го зголемат семејството, бидејќи економските услови се против нивната волја. Тука секако и масовната миграција, која младите ги однесе во белиот ссвет, оценува Зухди Дервиши познат албански социолог.
Според него и бебе бонусот, што од јануари минатата година го доделува владата, не ги охрабрило младите парови да имаат повеќедетно семејство.
Затоа, смета Дервиши државата треба да ги редизајнира политиките за поддршка на младите парови.
-Без младост нема живот. Бројките се алармантни, државата треба да размисли за младите мајки. Таа треба да ги поддржи за време на бременоста и потоа. Треба да знаеме нешто а тоа е дека на албанската жена високото образование е 5 години, што значи дека на пазарот на трудот излегува возрасна и на почетокот зема мала плата, поради што се плаши да создаде семејство, оценува Дервиши.
Поради тоа, додава, неопходно е албанските жени да бидат поддржани, зашто, токму економијата ги тера младите парови да се плашат да основаат семејство а уште повеќе да имаат повеќе деца.
Инаку, со цел зголемување на наталтетот, со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра), за второродено 80 илјади, а за третородено дете по 120 илјади леки. Доколку се близначиња добиваат по ист износ.
Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.