На официјалниот состанок на претставниците на членките на УЕФА кој што се одржа во Берлин, првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин објави дека ќе се кандидира за оваа функција по четврти пат.

Словенецот е на оваа функција од 2016 година, ќе бара нов мандат до 2031 година на конгресот на УЕФА следната година во Астана, Казахстан.

Иако тој најави дека нема повеќе да го прави тоа, сепак, во меѓувреме една од најмоќните фудбалски фигури во историјата на овој спорт се предомисли.

Чеферин и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се во отворен конфликт околу голем број прашања. Словенецот веќе ја отфрли можноста да се кандидира за претседател на управното тело на светскиот фудбал против Инфантино.