Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, официјално е презентиран како нов член на саудискиот прволигаш Ал Фаја, каде што тренер е српскиот стратег Вук Рашовиќ.

Крилниот напаѓач на македонската репрезентација заминува во саудискиот тим од редовите на данскиот прволигаш Алборг и со новиот клуб потпиша 18-месечен договор.

 

Дваесет и девет годишниот Трајковски претходно во кариерата, покрај другите екипи, настапуваше за Палермо и Мајорка.