Кординаторот на пратеничката група, Скендер Реџепи, за Слободен печат вели дека не се предомислиле.
-Ќе бидеме присутни на седницата и нашите пратеници ќе гласаат против. Ќе се обидеме Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија да го блокираме. Нема да гласаме з аполитички одлуки, рече Реџепи.
Еден од механизмите за блокирање на законот е употребата на Бадентер. Останатите пратеничките групи, ќе ги гласаат измените. Во Законот пишува дека поради потребата од имунизација на населението, но и поради тековната состојба предизвикана од вирусот ковид – 19 се предлага пописот што требаше да се спроведе од 1 до 21 април 2021 година да се одложи, односно истиот да се спроведе во периодот од 5 до 30 септември, оваа година, но и дека дијаспората ќе може да гласа до 30 септември.