36-годишниот Американец Р.С. бил уапсен два часа по полноќ поради инцидент на наплатната станица кај Демир Капија, бијдеќи се заканил и физички нападнал полицајци.
Според очевидци, патничкото возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки било сопрено за редовна сообраќајна контрола, при што возачот покажал сообраќајна и возачка дозвола, но одбил да ги достави документите за лична идентификација.
Кога полицијата побарала дополнителни документи, ситуацијата ескалирала, а американецот физички се обидел да ги нападне службениците. Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода. За случајот е известен јавен обвинител, а по комплетирање на документите следува соодветна пријава.
