„Вие сте во територијалните води на Русија. Веднаш излезете на површина!“ – руското Министерство за одбрана ги презентира деталите за инцидентот со американската подморница кај Курилските острови.
Денеска во 10.40 часот по московско време, во зоната за вежбање на Пацифичката флота кај Курилските острови е откриена американска подморница од класата Вирџинија. На нејзиниот екипаж му е испратена порака на руски и англиски јазик: „Вие сте во територијалните води на Русија. Излезете веднаш!“ – но американската подморница го игнорирала барањето.
Во согласност со насоките за заштита на подводната граница, екипажот на руската фрегата „Маршал Шапошников“ употребил „соодветни средства“.
Американската подморница користела самоодни симулатор за да ја подели целта на радарски и акустични контролни средства и да тргне со максимална брзина, објави Интерфакс.