Андоновски рече:

-Денес се случи она на што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт

Според него има две лоши тенденции, едната дека „Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криењето и никој нема да се врати чекор назад“ и второ, „настанот ја покажа анемичноста на македонската диломатија“.

-Македнија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се разива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не и од страна на Македонија, рече Андоновски.

Говорејќи за изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој вели дека е веќе разговарано за промена на знаме, грб и химна

-Ќе ми дозволите да не им верувам на СДСМ и Владата затоа што нивна реченица е дека не постои жив човек што би го сменил уставното име на Република Македонија без референдум, немаше таква одлука, ама името се промени. Јас ќе бев изненаден ако Заев и Ахмети зборувале за инвестиции во Тетово и слично, рече Андоновски.