Скандалот со непоставеното македонско знаме во Софија и седми ден продолжува да биде тема на разговор на релација Скопје. По неколкудневен молк на оваа тема се огласи и европратеникот Андреј Ковачев, личноста која е добра е позната во македонската јавност и честопати провоцира на реалција Скопје – Софија.

Ковачев му одговори на Николоски

Ковачев се осврна на македонска политичка сцена, а пред се на изјавата на вицепремиерот Александар Николоски.

Зборовите на македонскиот вицепремиер Александар Николоски секако биле координирани со Христијан Мицкоски. Не може толку долго да го повторува. И овде евидентна е желбата на актуелното раководство во Македонија да не продолжи по патот на евроинтеграциите, вели Ковачев.

Тој додава дека Македонија има кинески влијание заради унгарскиот кредит и во недостаток на аргументи упати низа критики и на таа тема со што избегна да одоговори на главното прашање „Зошто Бугарија изостави македонско знаме при средбата Силјановска – Радев?

Ковачев: Имаме заедничка историја која е на бугарскиот народ

Ковачев се осврна на Договорот за добрососедство којшто го потпиша владата на Заев.

Македонците апсолутно го газат Договорот за добрососедство, како и тоа што во овој договор, ратификуван од двете земји, од нивните парламенти, напишано е дека имаме заедничка историја, која е на бугарскиот народ и тоа не може да се фалсификува со овие провокации, категоричен е Ковачев.

На крајот Ковачев директно му одговори на Николоски обвинувајќи го за блискост со Вучиќ и Орбан, без никакви аргументи и додаде дека: Бугарија не ја користи темата за предизборна кампања.

Ковачев со забранет влез во Македонија

Во текот на претходната година, на граничен премин на Македонија со Бугарија, на Милен Врабевски и европратениците Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев им е забранет влез во Македонија.

Врабевски, Џамбаски и Ковачев денеска беа спречени да влезат во Македонија

Тоа се лица кои подолг период шират говор на омраза кон Македонците и затоа им е врачена одлука со која се прогласени за „непожелни лица“ во Македонија.