Анализирајќи го утрешниот противник, селекторот Ангеловски на прес -конференција по тренингот истакна дека македонскиот состав е апсолутен фаворит, но оти фудбалерите ќе го мораат тоа да го покажат на теренот.
– Апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога за овој меч и истата ќе треба да ја оправдаме на теренот. Во минатото многу пати бевме во ваква ситуација и фудбалерите покажаа дека можат да победат. Убеден сум дека така ќе биде и утре, изјави Ангеловски.
Мечот против Лихтенштајн се игра во недела од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.
– Лихтенштајн е подмладен во однос на квалификациите во 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Потребно ќе биде да дадеме гол што побрзо, но, притоа не смееме да одиме безглаво во напад, додаде македонскиот селектор.
Во преостанатите два дуели од групата Ј, Ерменија утре го пречекува Исланд, додека Романија е домаќин на Германија.