Дури 70 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека работите во Македонија се движат во погрешна насока. Само 16,5 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна. Ова го покажа тефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

И натаму, како и на претходната анкета од декември минатата година, за граѓаните најголемиот проблем е криминалот и корупцијата во државата (29,2%), на второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто…

Дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми сметаат 66,6 отсто од испитаниците во анкетата, а само 5,7 отсто од нив велат дека власта тоа го прави успешно.

Ако се оценува успешноста на Владата од 1 до 10, тогаш средната добиена оценка би била тројка – 3,03.

Токму затоа 71,4 отсто од анкетираните одговориле негативно на прашањето дали Владата заслужува уште еден мандат. Дека власта заслужува уште еден мандат сметаат 17,1 отсто од испитаниците.