-Во општините каде бројката беше ниска, сега таа расте. Сега обезбедуваме дополнителни одделенија и имаме сосема доволен број на кревети. Во овој момент со сегашната динамика на прием на пациент има одличен менаџмент. – рече Филипче.

Тој рече дека не се исклучува можноста за карантин. Смета дека младите не ги почитуваат превентивните мерки и продолжуваат со комуникацијата и тие се голем преносител на вирусот. Вели дека следниот период ќе има простор да се видат резултатите од полицискиот час.

Министерот рече дека многу е важно да во делот на вакцинирањето како стратегија да се обрне внимание на приоритетната група. Тоа се здравствените работници и ќе бидат сите покриени и ќе бидеме една од ретките земји во регионот и Европа каде сите здравствените работници кои работат со ковид се имунизирани.

-Интересот е 80% кај здравствените работници. 20% не се јавуваат од закажаните на вакцинација. – рече Филипче.

Во врска со антителата, министерот рече дека сме во ситуација каде бројни испитувања точно да се утврди како и на кој начин ќе се вакцинираат луѓето кои прележале ковид, дали со една доза.

-Она што следи во некој период, не се само антителата доказ дека имаме заштита од вирусот. Тие ќе се изгубат со во еден момент и ќе остане мемориски имунитет на имуните клетки кои во прв контакт со клетките со вирусот и да повторно креираат антитела. – вели Филипче.