Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото. Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото. Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.
Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.