-Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам и тоа го прават зошто, затоа што јас не бев ниту човекот ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат и своите политички кариери и функции, посочи Арсовска.
За Арсовска, ваквите обвинувања, како што кажа таа, се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, затоа што таа е свесна, а според неа свесни се сите дека за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат.
Во контекст на прашањето дали кандидатката за градоначалник некогаш го носела името Даниела Јовановска, Арсовска повторно демантираше.
–Не никогаш името Даниела не сум го носела, јас сум родена Данела Јовановска а повеќе од 20 години сум Арсовска, Данела Арсовска името е по мојот дедо Дане којшто е македонец. Родена сум скопјанка, живеам целиот свој живот во Скопје, имам тука семејство, кое што безумно го напаѓаат почнувајќи од моите родители, почнувајќи од мојот син, мојот сопруг и верувам дека скопјани ова безумие сега што се случува и овој личен напад што го доживувам од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки и седеле со мене на маса сега да кажуваат дека е антидржавен елемент, многу добро знаат луѓето и во Македонија и во Скопје дека сето тоа не е вистина. Треба да се срамат од тоа што го прават и јас веќе пуштив една тужба и се останато исто така, меѓутоа ово јпат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест, и има сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги од овие изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија како што лажат, затоа што никогаш во својот живот ниту сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија ниту сум направила нешто погрешно, одговори Арсовска.
За Данела Арсовска, е бесмислена кандидатурата за градоначалник, доколку кандидатот има црни дамки на себе.
-Да сум направила нешто погрешно немаше да се кандидирам во трка каде што ќе ме напаѓаат вакви безобразни луѓе и луѓе кои што лажат континуирано и истата мисла не можат да си ја задржат ниту два дена откако ќе ја кажат. Затоа скопјани ве молам, доколку сакате човечност, поддржете човек за градот Скопје. Затоа што денеска јас веќе имам два непријатели, и овој кој што не направи ниту водовод, ниту канализација, ниту го исчисти Скопје, додека јас кандидирам за градоначалник којшто ќе го направи градот поубав, а не за премиер или за претседател, туку за некој којшто Скопје сака да го врати на скопјани, и скопјани да имаат поубава иднина. Од друга страна имам нов непријател кој што денеска се пројави да каже дека има антидржавен елемент во мене. Извенете ве молам меѓутоа вие ги продадовте нашите национални интереси. Јас сум Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и јас своето име ниту името на моите членови не го продадов, заврши Арсовска.