Арсовска дефинитвно нема слух за приватните превозници. Ниту вчерашните блокади ниту најавените за од понеделник не ја предомислија градоначалничата да седне на иста маса со превозниците и да ги соочат фактите. Па така од пенеделник Скопје дефинитивно ќе биде град на тотален сообраќаен хаос, пренесува телевизија Алфа.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ вели дека веќе е одлучено авотбусите да ги паркираат на најголемите крстосници во метрополата.

„Тоа е одлука на приватните превозници, ќе повторам уште еднаш, „Слобода превоз“ не е во протест, протестираат приватните превозници, ние само пренесуваме она што тие одлучуваат, бидејќи ние сме само нивни претставници и застапници.“ – Изјави Јовановски.

Градоначалничката неколку пати кажа дека договорите се раскинати, затоа што приватните превозници одлучиле да ја укинат автобуската услуга. Како и дека ќе има нов јавен повик за превозниците. Јовановски за Алфа истакна дека допис од градот Скопје, оти го раскинале договорот, до овој момент не пристигнал до нив. Смета дека градоначалничката не може да објави оглас каде што превозниците ќе се пријават индивидуално, затоа што, тоа ќе е спротивно на прописите издадени од градскиот совет

„Тоа е еден процес кој што бара многу повеќе време, отколку така избрзано кажување дека нешто ќе се прави вака или онака. Мислам дека и од тој став ќе ретерираан набрзо. Дури и да го огласат огласот, а сигурно за толку кратко време нема да го направат квалитетно и тој ќе падне. Меѓутоа, никако нема да можат на приватните превозници секој посебно да си конкурира и да биде вклучен, да го има оној фонд на работа што го имаше до сега.“ – Појасни Јовановски.

Тој додава и оти му е нејасно како градоначалничката Арсвоска очекува некој да конкурира на нов повик, кога градот се уште ги нема исплатено долговите. Вели дека превозниците застанале со работа оти немаат пари за гориво, за сега градоначалничката да очекува да најдат за гориво и да се пријават на нов оглас.

Приватнте превозници од компаниите „Слобода превоз“ и „Мак експрес“ бараат да им биде исплатен долг од над 1,5 милиони евра. Тие во знак на протест веќе еднаш ја блокираа крстосницата кај Мавровка, а вчера паркираа околу 200 автобуси на булеварот „Илинденска“. По денешниот одговор од Арсовска, во понедленик се очекува да бидат целосно блокирани крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“ и Црвен крст, како и булеварот „Илинденска“.