Кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која на овие избори излезе како независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред почетокот на изборниот молк упати порака до скопјани кои во недела ќе го остварат своето право на глас.

Да работеше градоначалникот во заминување на Скопје толку колку што работи и потроши време да ме оцрни со фалсификати, овој град ќе беше убаво место за живеење… Нека продолжи да се надева дека со измислици и измами може да постигне нешто.
Прочитан е.
Законот е јасен: само неосудувано лице може да се кандидира за носител на јавна функција. Повторно сте фатени во лага.
Одиме масовно на гласање за да ставиме крај на овие нечисти политички игри.
Имајте убава вечер мои скопјани.
Се гледаме во недела за да прославиме почеток на нашето убаво и модерно Скопје.