– Се што можеме да кажеме е да се повикаме на Законот, и се што е спротивно од тоа значи дека градба таму нема да има. Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење. Со урбанистичкиот план се пропишува што е планирано со опфатот на таа локација, какви типови на надградба, колку зеленило е предвидено и каква инфраструктура е потребна – изјави Арсовски.
Тој нагласи дека врз основа на сите тие информации инвеститорот приложува проект и ако ги исполнува сите услови, добива одобрение за градење.
– Со Законот за градење е предвидено инвеститорот да отпопчне со градење во рок од две години. Доколку не почне може да му се одздеме одобрението или ако не гради според приложениот проект, рече Арсовски.