Според Димче Арсовски, опозицијата има сигурни градоначалници во Јегуновце, Градско, Сопиште и во Могила, а води и во Свети Николе и во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ води во сите скопски општини, според информации што ги објави партискиот портпарол Димче Арсовски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ има сигурни градоначалници во Јегуновце, Градско, Сопиште и во Могила.

„Убедливо водиме во Свети Николе, во Прилеп, во скопските општини. Во сите скопски општини сериозно води ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните покажаа дека сакаат промени. Денеска стигнува казната за оваа власт“, рече Арсовски.