Огромната количина вакцини на „Астразенека“ во италијанската фабрика требаше да биде извезена во Велика Британија, открија италијанските власти.

Вакцините биле сокриени во фабриката „Каталент анањи“. „Ла Стампа“ наведува дека тие биле подготвени за транспорт до Велика Британија, но италијанските власти ги откриле како дел од истрагата што ја покрена Европската комисија.

Во Италија се наоѓа вакцината за која се борат ЕУ и Велика Британија. Оваа количина вакцини е исклучително важна и за ЕУ ​​и за Велика Британија. Што се однесува до Европската Унија, тоа е двојно повеќе отколку што цела Европската Унија досега има добиено од „Астразенека“, додека за Британците тоа значи гаранција дека скоро 15 милиони граѓани ќе добијат втора доза вакцина.