Портпаролот на Универзитетот „Оксфорд“ рече дека овој потег е преземен како мерка на претпазливост, додавајќи дека сепак треба да се утврди дали има здравствени проблеми кај децата кои се дел од тестирањето.
Деца на возраст меѓу пет и 17 години учествуваа во тестирањето на вакцината на „Оксфорд“, а тоа трае од февруари 2021 година.
„Волстрит џурнал“ тврди дека универзитетот престанал со тестирање и го чека советот на британското здравствено регулативно тело.