За Македонија секогаш има максимален мотив и желба за резултат“

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов ги изнесе очекувањата пред двата пријателски натпревари на националниот тим против Босна и Херцеговина и Турција.

Тој нагласи дека, иако станува збор за пријателски средби, репрезентативците ќе влезат со максимален пристап и желба за добар резултат.

„Сезоните во нашите клубови завршуваат, полека се собираме и ги насочуваме мислите на овие натпревари. Кога се игра за Македонија секогаш имаме желба и мотив повеќе за добри резултати. Не гледаме дека се работи за пријателски мечеви, сите ќе го дадеме нашиот максимум“, изјави Атанасов.

Македонија со почит кон Босна и Херцеговина

Атанасов истакна дека во составот има нови имиња, но селекторот добро ги познава нивните квалитети и затоа се повикани во репрезентацијата.

Тој додаде дека противникот Босна и Херцеговина е сериозна селекција, особено по добрите настапи во квалификациите.

„Босна прикажа одличен фудбал во квалификациите. Ја елиминираа Италија, тоа доволно говори за нивниот квалитет“, рече тој.

Фокус на победа во Сараево и Истанбул

Македонската репрезентација на 29 мај игра против Босна и Херцеговина во Сараево, а само два дена подоцна ќе се соочи со Турција во Истанбул.

Атанасов нагласи дека тимот ќе оди на надигрување и победа во двата натпревари.