Австралиската администрација за терапевтски производи (ТГА) и препорача на австралиската влада да ги признае вакцинациите со руската вакцина Спутник В кај странските државјани кои пристигнуваат во земјата.
-TГA посочува дека вакцината против Ковид-19 од рускиот Гама центар Гамалеја Спутник В ќе биде призната како потврда на статусот на вакцинација на патниците кои пристигнуваат, се вели во соопштението на регулаторот објавено на неговата веб-страница.
ТГА соопшти дека руската страна му ги доставила на раководството потребните информации, „што покажува дека оваа вакцина обезбедува заштита против Ковид-19 и ја намалува веројатноста дојдовен патник да ја пренесе инфекцијата на други или да се зарази со Ковид-19 додека е во Австралија“.
-Добиените информации вклучуваат објавени податоци од истражувањето и беа доставени до ТГАод руската влада, се вели во соопштението.
Регулаторот нагласи дека две дози на Спутник В покажале просечна ефикасност од најмалку 89 отсто против инфекција со коронавирус и 98 отсто заштита од тешка форма на Ковид-19 и смрт од компликации предизвикани од вирусот.
-Признавањето на вакцината Спутник В ќе го зголеми капацитетот на Австралија да прифаќа странски студенти и квалификувани работници мигранти. Странците кои примиле две дози од руската вакцина Спутник В сега ќе се сметаат за целосно вакцинирани и ќе можат да влезат во Австралија, велат од ТГА.