Заради неработниот ден 8 Септември и денешниот неработен ден автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред.ЈСП соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Дополнително, користењето на автобуската линија 25, која вози на релација Транспортен Центар – Средно Водно, ќе биде бесплатно, како што секогаш е за време на викенди и празници.
Дежурни ќе бидат билетарниците Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жицницата до Милениумскиот крст нема да работи во текот на денешниот ден.