Автобусот со македонски туристи кои учествуваше во сообраќајната несреќа во Италија на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, се судрил со два камиони, јавуваат италијанските медиуми.

Како што пренесуваат, до верижниот судир дошло денеска околу 10 часот, а во несреќата учествувале два камиони и автобус, пришто загинатиот е возачот на македонскиот автобус.

По судирот, едниот од камионите се запалил во тунел, а причините се уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.