Поради сообраќајна несреќа кај месноста Попов Мост, отежнат е сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево.

На местото на несреќата во моментот полициски екипи вршат увид, а оттаму информираат дека до несреќата дошло откако автомобил Ауди се забил во неосветлен трактор.

Според првичните информации во сообраќајната несреќа нема повредени лица.

Повеќе информации за причината за несреќата од полицијата најавија во текот на наредниот ден.