Осумнаесетгодишно момче од Пробиштип е тешко повредено откако во него удрил автомобил на улица во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, несреќата се случила на 16 февруари околу 06:10 часот на улицата „Миро Барага“, кога патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (50) од Пробиштип, удрило во пешакот Ф.А. (18) од Пробиштип.
Повредениот пешак се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Пробиштип.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.
