Поранешниот политичар и адвокат Азем Власи го обвини косовскиот премиер Аљбин Курти дека припаѓа на втората генерација почитувачи на сталинизмот и енверизмот бидејќи не ги слуша сугестиите на Америка. Според Власи, од 1999 година, Косово никогаш немало позаладени односи со Американците од сега, пренесува Коха.
Според Власи, ова најдобро го покажува инаетот што Курти во последно време го покажува во однос на состојбите на север, не слушајќи ги советите на меѓународниот фактор.
-Ако Американците имаа одлучувачка улога во ослободувањето и државноста на Косово, кога предлагаат нешто за да не се создаде проблем, бидејќи нивното внимание е насочено кон она што се случува во Србија, особено во врска со Украина, мораме да слушаме. Но, Курти со својот инает остава впечаток дека не ги ни слуша Американците. Тој е припадник на втората генерација почитувачи на сталинизмот и енверизмот на Енвер Хоџа, кои во тоа време во Албанија го сакаа Сталин повеќе од Бога. Курти и припаѓа на таа генерација, а тој вирус на противење на Американците остана – рече тој.
Власи изјави и дека почитувањето на Уставот не се покажува со инаугурацијата на нови градоначалници во општините, со зголемување на тензиите и со иритирачки односи со меѓународните пријатели.
– Ако остане да се почитува Уставот со инаугурацијата на новите претседатели на север, тешко на Уставот и на конституционализмот. Од 1999 година никогаш не сме имале позатегнати односи со Американците како сега. Се плашам дека инаетот на Курти ни нанесе непоправлива штета – рече тој.