Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во петокот ги повикаа Американците да се вакцинираат против ковид-19, бидејќи сите индикации се дека Белата куќа нема да ја исполни целта на 70 проценти од вакцинираните возрасни лица до 4 јули.
-Дејствувајте сега, дејствувајте сега, рече Бајден од Белата куќа, повикувајќи ги оние кои сè уште не биле вакцинирани да разговараат со семејствата и пријателите кои ја примиле вакцината и со своите лекари.
Смртните случаи и хоспитализациите се драстично намалени на места каде што се вакцинирани луѓе, но не и во други области, рече Бајден.
Со сегашната стапка на вакцинација, не се чини веројатно дека целта на Бајден ќе биде постигната, а тоа е 70 проценти од возрасните да бидат вакцинирани со барем една доза вакцинација против ковид-19 до 4 јули или Денот на независноста.
До петокот, приближно 65,1 процент од луѓето во САД примиле барем една доза на вакцина, а тој број се зголемил за само еден процентен поен во последните две недели.
Стапката на вакцинација исто така треба да биде двојно поголема во следните две недели за САД да ја постигнат поставената цел. Досега само 15 држави во САД и Вашингтон достигна целно ниво од 70 отсто вакцинирани.
-Кога ќе се вакцинирате, тоа значи дека нема да можете да ја пренесете болеста на некој друг затоа што веројатно нема да добиете корона. Зарем тоа не е љубов кон ближниот, рече Камала Харис во петокот во познатата баптистичка црква во Атланта, повикувајќи на вакцинација.
САД потрошиле 300 милиони дози вакцина во изминатите 150 дена, изјави официјален претставник на Белата куќа пред изјавата на Бајден.
Повеќе од 175 милиони Американци примиле барем една доза на вакцина, а 55 проценти од возрасните примиле втора доза.
На почетокот на оваа недела, САД ја преминаа црната линија на 600.000 смртни случаи. Бројот на смртни случаи од оваа болест во САД е најголем во светот, иако другите земји, како што се Бразил, Велика Британија и Русија, имаат повисоки стапки на смртност во однос на големината на населението.