Претходно, Раиси ја отфрли можноста за средба со американскиот претседател
На прашањето за можна средба со Бајден, Раиси само одговори: „Не“, објави Ројтерс.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека малку се сменило затоа што врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи бил клучен носител на одлуки во Техеран.
– Во моментов немаме дипломатски односи со Иран или какви било планови за состанок на ниво на лидер, рече таа пред новинарите.
Псаки рече дека преговарачите ја завршиле шестата рунда разговори за тоа како Иран и Соединетите држави можат да се вратат на почитувањето на нуклеарниот договор од 2015 година.