Во рамки на јубилејното 50. издание на „Мајските оперски вечери“ во оф-програмата, на сцената на Националната опера и балет, вечер во 20.00 часот ќе биде изведена атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, балет во девет слики.
Балетската претстава е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, а зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографија и режија е на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше ЕÐ �ил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска.
Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.