Засега нема меѓународни летови, а властите го затворија меѓународниот аеродром во април лани, поради коронавирусот.
Во јули годинава, Индонезија стана жариште на Ковид-19 во Азија, но дневниот број на нови заразени е значително намален. Бали е меѓу областите со највисок процент вакцинирано население во земјата – над 82 отсто од луѓето на островот се целосно вакцинирани.
Откако беше објавен списокот земји од кои луѓето може да дојдат на Бали, почнаа подготовките на хотелите, рестораните и други стопански гранки. Во нормални услови, островот бележи шест милиони странски гости.