Тој за емисијата „24 анализа“ вели:
-Реално бројките стивнаа, што се однесува до ковид-пациентите, меѓутоа сега на површина излегуваат пациентите кои што година и половина седеа дома и беа исплашени
Според него, болниците сега се полни токму со овие лица, кои останале без лекарска помош за време на пандемијата, но и поради пост-ковид синдромот.
-Факт е дека не е само да се излечи вирусот. Последиците што ги остава се катастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус и воглавно клиниките се полни со оваа патологија, истакна Беќаровски, додавајќи дека на Клиниката имале и до 80-100 ковид-пациенти, а во вчерашниот ден само тројца.