Министерот Бектеши посочи дека имал конструктивен состанок со организацијата на угостителски објекти во однос на дполнителните мерки и епидемиолошката ситуација.
-Јас и претходно и сега во континуитет сум отворен за разговори за дополнителни идеи се со цел да придонесеме во подобрување на епидемиолошката ситуација и би сакал јавно да им се заблагодарам на сите сопственици на сите менаџери за конструктивноста во целиот период на паднемијата. Сега имаме нови мерки кои се донесени, ќе ги очекуваме резултатите кои ќе ги дадат новите мерки, сите се залагаме за почитување на протоколите и во организирање на свадби, и во други настани и прослави. Не зборуваме само за угостителски објкети кои организират само свадби и веселби, туку зборуваме и за ноќни барови, и за кафулиња кои организираат настани. Сите треба да ги почитуваат протоколите затоа што никогаш не може да се знае каде ќе има ново жариште, изјави Бектеши по средбата.
Затоа, додаде, убеден сум дека преку вакви заеднички состаноци ќе придонесеме на поттикнување на вакцинација на нашите граѓани затоа што од 16 август ќе можат да одат во угостителски објекти само граѓани кои ќе бидат вакцинирани и на тој начин сакаме да се вратиме во нормала.
Претставникот на организација на угостители Насер Хазвија посочи дека на средбата со министерот конкретно дознале што ќе значат новите мерки за нив во иднина.
-Ќе ги почитуваме сите правила од 16 август за да не предизвикаме проблеми за здравјето на граѓаните и со цел што подобро да може да функционираме понатаму, истакна Насер Хавзија.
Од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти, а се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација за влез во затворен објект.