Во рамки на посетата, Бектеши ќе оствари работни средби со потпретседателот на Европската комисија, Владис Домбровскис, со комесарот за економија Паоло Џентилони, како и со Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА и со амбасадорите на земјите членки на оваа Асоцијација.
Во текот на посетата, како што соопшти Министерството за економија, ќе се дискутира за реформите во областа на трговијата, проширување на Зелените коридори и Зелените ленти на премините со ЕУ, Економски и инвестициски план за Западен Балкан, како и за претседателството на Македонија со ЦЕФТА оваа година.