Со последната одлука недела е неработен ден 92 отсто од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства, а осум проценти од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50 до 100 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук.

– Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството. Семејството пред се!, наведе Бектеши во објавата проследена со фотографија со на која е сликан со неговото семејство.