Белгиската влада одлучи следната година да обезбеди 20 милиони евра за камери за препознавање на регистерските таблички на автомобилите, објавија локалните медиуми. Целта е вкупниот број на тие камери следната година да достигне 10.000.

Камерите ANPR беа воведени по исламистичките напади во земјата во 2016 година и се дел од системот за национална безбедност. Тие се користат и за откривање на возачи кои возат неосигурени или возат со брзина поголема од дозволената.

Финансирањето ќе се обезбеди од казните на возачите. Лани во Белгија од сообраќајни казни се собрани 543 милиони евра.