Впрочен токму со овој цитат биле водени Беливук и Дарио Ѓорѓевиќ Декстер кога во една прилика во Виена мачеле дилер на дрога во обидот од него да изнудат 2000 евра.

Дарио Ѓорѓевиќ Декстер, кој беше уапсен во Виена, е осомничен за киднапирање на неговиот соработник врз кого бруталново се исживувал во подрумот во тој град поради долг од 2.000 евра, изјавија австриските власти, кои учествувале во голема акција за апсење во соработка со Американската ФБИ.

Генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф, потврди дека како и белградските колеги од кланот на Беливук, малтретирањата ги снимале на телефон, а потоа снимките ги разменувале.

– Тој претрпел тешки повреди, а додека го тепале и мачеле, тие снимале сè. На снимките се гледа како жртвата лелека и моли за помош, рече Руф.

Секој видео клип што бандата на Беливук, под наметката на навивачката група „Принципи“, објавен на Јутјуб неколку месеци пред неговото апсење, започнувал со реплика од филмот „До коска“.