Не е познато зошто медиумскиот тајкун е хоспитализиран, но еден од двата извора тврди дека не е ништо сериозно, пренесува „Ројтерс“.
Берлускони утрово не се појави на рочиште во Милано, во врска со еден случај во кој е вмешан.
Тој на почетокот на годинава имаше проблеми со срцето поради што беше итно хоспитализиран во болница во Монако, каде престојувал во тој период.
Поранешниот италијански премиер во 2016 година имаше посериозна операција на срцето, а подоцна преживеа и карцином на простата, а во септември минатата година водеше битка и со Ковид-19.