Бугарија, земја со седум милиони жители, од почетокот на пандемијата има регистрирано 312.741 инфицирани, од кои 12.307 умреа, наведуваат здравствените власти.

-Во последните 24 часа во Украина,пак, умреа 342 лица болни од Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Со овие податоци, во Украина од ден на ден продолжува да расте бројот на смртни случаи, бидејќи вчера беа потврдени 333 смртни случаи со Ковид-19.

Степанов додаде дека во последните 24 часа биле потврдени и 14.174 случаи на нови инфекции.

Украина од почетокот на пандемијата регистрира 1.579.906 инфекции и 30.773 смртни случаи.

Полска е на добар пат да потврди 29.000 нови инфекции, изјави денеска високиот советник на полскиот премиер Михал Дворчик.

-Се уште ги чекаме конечните податоци, но сите индикации се дека ќе имаме повеќе од 29.000 нови инфекции, изјави Дворчик за приватната телевизија Полсат њуз.

Британските медиуми потсетуваат дека највисокиот дневен рекорд во бројот на новозаразени во Полска беше потврден во ноември – 27.875 лица.