Движењето Беса изразува загриженост во врска со фокусирањето на владата на бизнисите со казино, обвинувајќи ги за запоставување на важни проекти. Според партијата, додека владата носи одлуки за отворање казина и промовирање на овој потенцијално деструктивен бизнис за општеството, граѓаните продолжуваат да се движат по опасни улици и патишта. Овие наводи се насочени кон партијата ДУИ.

„Со децении во Владата ДУИ само ветуваше развој на инфраструктурата, но не постигна ништо. Земјата е поврзана со автопат со Грција, со Бугарија и Србија, но никогаш не успеа да се поврзе со Косово и Албанија. Автопатот Кичево-Охрид останува само ветување и проект од кој ДУИ, како дел од власта, само ги краде граѓаните со ребуџетирање и пренасочување на стотици милиони евра за овој автопат кој 10 години не е завршен. Истото е и со автопатот Скопје- Блаце. Десетици ветени рокови за изградба на првите 2 километри кои сè уште не се завршени“, рече Бесар Дурмиши, Движење Беса.

 

Извор: Alsat.