Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.
– Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата.
Инфлацијата, како што посочи, е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.