На барање на пензионерите, Советот на Општина Кавадарци на денешната 35. седница донесе одлука за бесплатен градски превоз за пензионерите. Пензионерите бесплатниот превоз ќе можат да го користат во вторник, четврток, сабота и недела.
Советниците ја донесоа едногласно оваа одлука.
-Субвенцијата произлегува од општината, од општинскиот буџет ќе се плати на јавното претпријатие за јавен превоз, појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.