Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф80 милиметри предизвикан од страна на инвеститор на улица „Гемиџиска“ број 49, прекин во водоснабдување имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Филип Филиповиќ“ во скопската населба Железара.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето е прекинато од 18:15 часот и ќе трае до остранување на дефектот.
– Дефектот инвеститорот ке го санира сам, се додава во соопштението.