Тој нагласи дека во последно време чита најмногу книги што зборуваат за комплицираната врска меѓу природата и луѓето.
– Можеби го правам тоа затоа што вирусот влезе во нашите животи пред нешто повеќе од една година. И повторно, можеби затоа што зборував во текот на целата изминатава година за тоа што треба да сториме за да се спасиме од климатската криза. Во во секој случај – избирам книги кои зборуваат за тоа што се случува кога некое лице се коси со природата, напиша Гејтс, пренесува CNBC.
Неговиот список на предлози вклучува:
„Lights Out: Pride, Delusion, and the Fall of General Electric” од Томас Грајт и Тед Ман
„Under a White Sky: The Nature of the Future” од Елизабет Колберт
„A Promised Land” од Барак Обама,
„The Overstory” од Ричард Пирс
„An Elegant Defense: The Extraordinary New Science of the Immune System: A Tale in Four Lives” од Мат Рихтел.