Касами останува градоначалник
Касами, кој е дел од ,,обединетата албанска опозиција” која на изборите настапи како коалиција ,,Вреди” вели дека треба да се завршат започнатите работи.
Јас останувам да го водам Тетово затоа што веќе го имам поминато половина од мандатот и има многу работи кои се започнати во овој период и треба тие да се завршат, започнува Касами.
Цел за Касами е да се завршат почнатите проекти
Градоначалникот на Тетово открива дека главен мотив за парламентарните избори била за промена во општеството, но предупредува дека мора да се работи и на локално ниво.
Сега, кога е направена таа промена, сигурно е дека некој мора да продолжи и да работи на локално ниво. Во ситуација кога ќе ја имаме и Владата како наша поддршка, се надеваме дека ќе направиме многу добри работи за граѓаните и на локално и на централно ново“, изјави Касами.
Коалицијата Вреди се надева на шест министерски места
Што се однесува до останатите позиции во албанскиот блок веќе се шпекулира дека коалицијата ,,Вреди” ќе добие пет до шест министерства како: здравство, образование, локална самоуправа, економија и култура. Останува да видиме кои ќе ги преземат овие функции.
Таравари даде изјави, но ретерираше
Вчера, Таравари за косовската телевизија РТК рече дека ,,Вреди” ќе добие шест министерски места и спикер во Собрание. Од ВМРО-ДПМНЕ молчат, засега без коментар за преговорите и распределбата на ресори. Зад затворени врати се одвива целата процедура.
Мандатарот Христијан Мицкоски вели дека преговорите течат во најдобар ред, а дека се утврдени клучните постулати. Таравари пак, најави дека е оптимист за идната влада дека истата може да се консолидира до почетокот на јуни.