Златко Ристовски – активист на СДСМ од Битола е првиот кандидат што поднесе кандидатура за за претседател на СДСМ, објави тв24, според информации од Бихаќка.
Информациите се дека Ристовски е релативно анонимен во партијата, а колку неговата кандидатура е уредна ќе се знае откако ќе заврши рокот за кандидирање.
Се очекува утре претседателска кандидатура да поднесат пратеничката, екс министерка за одбрана – Славјанка Петровска и поранешниот министер за здравство од оваа партија – Венко Филипче.
Најавите се дека меѓу оние кои ќе ја побараат довербата за највисоката партиска функција е и директорот на ТИРЗ – Јован Деспотовски.
Засега останува енигма дали директорот на Царина – Стефан Богоев и заменик министерот за администрација – Александар Бајдевски ќе влезат во трката за претседател на СДСМ.
Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.
Извор: Fokus