Пратениците и од власта и од опозицијата досега не кажаа ни збор за тоа дека при пресметката на мартовската плата, по одлуката на Уставниот суд, само за 8 дена добија по 16.000 денари. Одлуката на Уставниот суд беше објавена на 23 март.
Оваа одлука на Уставниот суд за укинување на замрзнатата основица за платите на функционерите дозволува зголемување на платите на функционерите и до речиси 80 отсто.
Ако нема никакви измени во примената на оваа одлука на Уставниот суд, пратениците веќе во април ќе треба да добијат по 1.750 евра, а министрите околу 1.850 евра.
Министерството за финансии деновиве испратило толкување до институциите дека новите плати на функционерите, по одлуката на Уставниот суд, треба да се пресметуваат според бруто плата, а не според нето плата.
Ова значи дека нивните плати може да се зголемат од 55 до 78 %, во зависност од коефициентите или од 1.500 до 3.500 евра бруто плата.