Според Џеф Безос, четвртиот најбогат човек во светот, вештачката интелигенција нема да предизвика масовно уништување на работни места. Наместо тоа, верува дека веќе живееме на почетокот на така наречени „златни времиња“.
– Мојата компанија „Прометеус“ користи вештачка интелигенција за трансформација на производството и инженерството. Оние кои непромислено заклучуваат дека сите работни места ќе исчезнат се оние кои едноставно не се во право. Сите работи на кои денес работам имаат некаква врска со вештачката интелигенција. Таа ќе ја унапреди мојата деловна работа која опфаќа истражување на вселената, роботика, достава, компјутерство и истражување на долговечноста, изјави Безос.
Според него, во моментов се наоѓаме среде повеќекратни „златни времиња“ со вештачка интелигенција. Тука спаѓа и вселената, како и други области, како што е биотехнологијата.
– Мислам дека следната деценија ќе бидеме сведоци на низа „неверојатни чуда“ што ќе се случат, наведе Безос.
Тој очекува вештачката интелигенција да доведе до недостиг на работна сила, поттикнувајќи многу повеќе создавање нови работни места отколку укинување на постоечките.
Цивилизацијата почнала да се збогатува преку пронајдоци. Некој пред шест илјади години го измислил плугот и сите сме станале побогати, посочи Безос.
