Одложени или откажани се летовите на португалската авиокомпанија ТАП Ер од аеродромот во Лисабон поради штрајк на вработените во компанијата за транспорт на багаж „Гаундфорс“.

Вработените протестираат поради доцнење на нивните плати.

Речиси стотина летови од и за Лисабон се откажани поради 48-часовниот штрајк на вработените во „Гаундфорс“.

Засега штрајкот не влијае брз работата на аеродромите во другите португалски градови.