На шиткачите на семакедонското од СДС им е смешно што голтарот Стефан Богоев од политика замина како хотелиер, купувајќи огромен имот со маркица за хотел на брегот на Беровско езеро по “багателна” цена, па на скандалот одговараат со политички досетки, модерно наречени “хехенца”, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Гледам и тазе хотелиерот -миленик на Боки и прв потписник на рекетарскиот дил одговара на ист начин.Веројатно се надеваат на заштита од ДУИ заради отстапување на државата.Ова ли е цената за побугарчувањето бе Богац, а синко; За пусти пари?Народ нема леб да јаде тој хотели гради од политика?
Стоилковски го повика Богоев на соочување пред јавноста.
Ајде на ТВ ако ти држат аргументите, таман да има материјал за идно обвинителство!Веројатно и за скорите парламентарни избори!