Во Владата денеска се одржа работен состанок на иницијатива на Министерството за локална самоуправа. Состанокот беше фокусиран на проблемот со вандализмот и несовесното однесување кон јавните добра. Претставници од министерства и ЗЕЛС дискутираа за изнаоѓање на ефективни и одржливи решенија за справување со овој растечки проблем.

Клучни чекори за спречување на вандализмот

Министерството за локална самоуправа истакна дека заложбата е да се создаде системско решение кое ќе санкционира вандалското однесување. Решение кое   ќе воведе механизми за правилен третман и превенција на ваквите случаи. Работната група формирана за оваа цел вклучува претставници од повеќе релевантни институции. Тоа се Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, како и невладини организации и ЗЕЛС.

Вандализам во Центар – Уништени обновените детски катчиња

Измени во Законот за локална самоуправа

Како дел од тековниот процес на измени на Законот за локална самоуправа, Министерството за локална самоуправа ја разгледува оваа проблематика како една од главните теми. Во рамките на овие измени, акцентирано е зајакнувањето на механизмите за комунален надзор и создавање на правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари. Министерот Перински изрази благодарност за активностите на сите чинители. Тој истакна дека успешни решенија ќе се постигнат само доколку сите одговорни фактори застанат зад предложените мерки.

Превенција и зајакнување на системот

Од Министерството за локална самоуправа посочија дека со овие измени се очекува да се превенира не само малолетничкиот вандализам. Се очекува да се превенира кај сите девијантни форми на однесување, без оглед на возраста на сторителите. Овој механизам ќе овозможи поефикасно справување со проблемот и ќе доведе до подобрено локално управување.

Со овие активности, Министерството за локална самоуправа продолжува да работи на создавање на систем кој ќе обезбеди трајни решенија и ќе биде од корист за општините и сите граѓани.

Извор:Курир